Лишен од слобода криумчар на мигранти во близина на ГП Долно Блаце, пронајдени четири лица од Индија
Полициски службеници во близина на Граничниот премин Долно Блаце вчера околу 22 часот лишиле од слобода 72-годишен скопјанец, во чие возило биле пронајдени четири мигранти од Инидија.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце вчера во 22 часот го лишиле од слобода В.А.(72) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по чл.418-б од КЗ на РСМ. Имено во неговото возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, пронајдени се четири лица-мигранти од Индија.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лишен од слобода криумчар на мигранти во…
Полициски службеници во близина на Граничниот премин…
Прилепчанец со над три промили алкохол во…
Прилепчанец со над три промили алкохол во…
Шверцал мигранти, па со возилото излетал од…
На 12.04.2026 полициски службеници од СВР Струмица…
Разбојници нападнале 74-годишна жена на мостот Гоце…
Двајца разбојници на дрзок начин ограбиле 74-годишна…
Уапсени четворица разбојници во Скопје: Во Градскиот…
На 11.04.2026 околу 21 часот полициски службеници…