Стојанче имал кокаин и лекови за смирување во крвта, покажуваат анализите од судска медицина

t

Освен повредите на телото кои ги имала од падот од терасата од 6-от кат, Ивана Јовановска имала крвни подливи на брадата и вратот од тап и тврд предмет, настанати десет дена пред настапувањето на смртта или истиот ден кога настапила нејзината смрт. Ова го кажа експертот по судска медицина, вештакот Златко Јаќовски, кој денеска ги презентираше наодите во предметот против Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела меѓу кои и наведување на самоубиство на сопругата.

Тој посочи дека кај Ивана не биле констатирани ниту алкохол ниту други психоактивни супстанци, додека кај обвинетиот Стојанче Јовановски, според анализите од судска медицина, имало и кокаин и лекови за смирување.

„Со токсиколошката анализа на крвта и урината, кај лицето Стојанче Јовановски во урината е констатирано присуство на кокаин со концентрација од 307,5 нанограми на милилитар како и присуство на бензодиазепини, лекови за смирување во концентрација поголема од илјада нанограми на милилитар. Има присуство на „дијазепам“ а во урината „нордијазепам“ и метаболит на кокаин“, рече Јаќовски.

Обвинетиот пак, на прашања на неговиот адвокат, вината за самоубиството на жената индирекно му ја препиша на Мартин Саздов. Вели дека тој ја удирал во автомобилот и еднаш ја онесвестил, а таа се откажала од полициската пријава бидејќи се плашела од заканите на Саздов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апелација ја укина затворската казна за убиството…

Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…

Судијка поротничка била во роднинска врска со…

И покрај тоа што судијката поротничка Лидија…

„Не ја турнал од балконот, но ја…

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара…

Еден час пред почетокот, одложено судењето против…

Сведочењето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во…

Ние веќе бевме внатре кога ја местеа…

Пиротехничките средства во дискотеката „Пулс“ биле поставувани…