Обвинение против судијата Ристов кај кого беа пронајдени 350 000 евра во созидан бункер зад плочки
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид.
Случајот почна да се расплетува откако обвинителството „ин флагранти“ фати адвокат и екс државен обвинител како прима мито од 20 000 евра- прва рата од побараните 100 000 евра, а со кој требало да се влијае врз судија во Апелација да го укине притворот на лице по кое се трага. Адвокатот призна вина по што Основниот кривичен суд Скопје вчера го осуди на ефективна казна затвор од 1 година и 3 месеци за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.
Иако парите не стигнаа директно до судијата пари обвинителството продолжи со истрагата по што на 18 јануари 2026 година во домот на родителите на судијата откри вкупно 350.000 евра за чие потекло нема доказ и не ги пријавил.
„Парите беа пронајдени спакувани во 13 поединечни пакувања, и тоа вкупно 610 банкноти во апоени од по 500 евра и 225 банкноти во апоени од по 200 евра, од кои дел со обележани рачно испишани износи на средствата, скриени во заѕидан простор во шуплините од цигли во ѕидот на една од собите“ соопштија од Обвинителството.
Според истрагата, постои основано сомнение дека судијата Ристов од февруари 2020 година, спротивно на законската должност, давал лажни податоци за својот имот и не пријавил средства кои во огромни размери ги надминуваат неговите законски приходи.
Врз основа на доказите судијата се товари за две тешки кривични дела: Противправно стекнување и прикривање имот и Перење пари и други приноси од казниво дело.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинение против судијата Ристов кај кого беа…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…
Јаневска: Иселениците почнаа да се враќаат, тоа…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Димитријевиќ: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски…
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ…
За да се испрати барање за екстрадиција…
Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во…
Пет пријавени случаи за семејно насилство во…
На 16.04.2026 во 16:00 часот во Битола,…