Објавено на:

Јаневска: Прифатени се забелешките дека не може да има исти критериуми за избор во звања за општествените и техничките науки

t

Новиот закон за високо образование не ја загрозува автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, таа појасни дека на барање на академската заедница, направени се низа измени во однос на критериумите за избор во звања и составот на управувачките тела.

Една од измени се однесува на составот на Универзитетскиот совет, каде првично беше планирано да има повеќе претставници.

„Работната група направи отстапка – наместо тројца, Владата ќе има двајца претставници во Советите, а уште еден член ќе доаѓа од стопанските комори. Ректорите на државните универзитети немаа забелешки за автономијата“, рече Јаневска.

Министерката посочи дека се прифатени барањата за разликување на критериумите меѓу општествените и техничките науки.

„Во однос на критериумите, намаливме по еден труд, аналогно на изборот доцент вонреден- редовен, и реизбор. Дозволивме СКОПУС, уште една друга база е во игра после денешниот ден. Ги проверивме критериумите кои треба да ги исполнат за следниот избор, каде што велиме ги ослободуваме од критериумите, при првиот нареден избор, а тоа се трудовите со импакт фактор и ХА-индексот“,рече таа.

Додаде и дека дополнително за уметничките универзитети се направени посериозни отстапки.

„Се обидовме со деканите на трите универзитети да најдеме заедничко решение и на наше најголемо задоволство, најдовме заедничко решение за да не останат без кадар за студентите“, додаде Јаневска.

Коментирајќи го новиот предлог-закон за високо образование премиерот Христијан Мицкоски денеска рече високото образование претрпело големи штети од законското решение донесено во 2018 година.

Според него, некои од критиките кон новите законски решенија се политички шпекулации и обиди за манипулација, а и тој како и министерката нагласи дека автономијата на универзитетите не е загрозена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Прифатени се забелешките дека не може…

Новиот закон за високо образование не ја…

Косовското собрание одлучи да испрати безбедносни сили…

Косовското собрание одлучи да ги испрати Косовските…

Здравковски: Нормално е во кризни состојби да…

Пратеникот Игор Здравковски во емисијата Бизнис21 на…

Ројтерс: САД и Иран чекор до договор…

САД и Иран се на чекор до…

Началникот на белгиската армија: До 2030 година…

Европа очекува војната во Украина да заврши…