ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може повеќе и мора подобро

t

„На 19 април 1997 година, во Македонскиот народен театар, визијата за модерна, европска и слободна Македонија ги обедини Стојан Андов и Петар Гошев во создавањето на Либерално-демократска партија. Денес, 29 години подоцна, ЛДП останува гласот на разумот, коректив на системот и доследен носител на либералната идеја – идеја што не прифаќа компромиси кога станува збор за слободата, правдата и достоинството на граѓаните“, велат денеска од ЛДП на годишнината од формирањето на партијата.

Оттаму велат дека либералната демократија не е декларација туку е борба против заробени институции, корупција, против систем што ги наградува послушните наместо способните.

-ЛДП јасно порачува: Македонија може повеќе, Македонија мора подобро. Не прифаќаме нормализација на неправдата, ниту тивко помирување со просечноста.

Горди на историјата, но фокусирани на иднината – продолжуваме посилно, похрабро и погласно. Со силна енергија, јасна визија и непоколеблива верба дека вистинските вредности секогаш наоѓаат пат.

ЛДП не е само партија, туку движење на слободни луѓе што веруваат дека „не се сите исти” – и токму затоа, борбата продолжува…. Се додека Македонија не стане либерална демократија, стои во соопштението од партијата на Моника Зајкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЛДП слави 29 години постоење: Македонија може…

„На 19 април 1997 година, во Македонскиот…

ЛДП бара итно расчистување на случајот во…

Повторно, Либерално-демократската партија (ЛДП) алармира и искажува…

ЛДП бара возачите на камиони да бидат…

„Додека нашите владини претставници уверуваа за брзо…

ЛДП изненадена од непознавањето на Николоски: Вицепремиере,…

Либерално-демократската партија (ЛДП) е изненадена од непознавањето…

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини…

Либерално-демократската партија ќе предложи измени на Изборниот…