Објавено на:

Трамп нема да го продолжи примирјето со Иран ако не успеат преговорите

t

Американскиот претседател Доналд Трамп во пресрет на мировните преговори во Пакистан меѓу Иран и САД во интервју за американските медиуми изјави дека всушност тој не сака да го продолжи примирјето со Иран доколку пропаднат преговорите. Тој потврди дека САД се во силна преговарачка позиција и дека на крајот ќе постигнат, како што рече, одличен договор.

„Не сакам да го правам тоа. Немаме толку многу време“, рече Трамп кога беше прашан околу тоа дали размислува да го продолжи двонеделното примирје со Иран доколку не се постигне договор во Исламабад меѓу двете страни.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран „повеќепати го прекршил примирјето“, обвинувајќи го Техеран за недоследно почитување на договорените услови. Изјавата ја објави на својата социјална мрежа, без да наведе конкретни детали за наводните прекршувања.

Според најавите, привременото примирје истекува доцна во среда според американско време, додека во меѓувреме двете страни меѓусебно се обвинуваат за негово нарушување. Иран претходно тврдеше дека САД го прекршуваат договорот преку воведување ограничувања и мерки поврзани со стратешкиот Ормуски Теснец.

Паралелно со дипломатските пораки, продолжуваат и воените и политичките тензии меѓу двете земји, додека во меѓународната јавност се очекува развојот околу можниот нов круг преговори што би можел да се одржи во Пакистан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

Храната поскапи за 128% – Иранската валута…

Иранската валута e на рекордно ниска вредност.…

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Арагчи: Отворени сме за преговори, но подготвени…

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи…

Трамп демантира дека му понудил на Иран…

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли…