Експлозија во Сплит, човек се разнел со бомба?
Експлозија блиску до трговскиот центар Кауфленд ги вознемири граѓаните на главниот град на Хрватска, објави „Далмација њуз“.
Информацијата за настанот бргу се проширила на социјалните мрежи каде што се појавиле неофицијални тврдења дека човек се разнел со експлозивна направа и дека полицијата го блокирала целиот кварт.
Официјалната потврда пристигна дури утрово од полицијата. Како што наведуваат, на 21 април 2026 година, по примена пријава за експлозија во подземен премин во Сплит, веднаш било воспоставено обезбедување и блокада на поширокото подрачје на настанот.
На местото на несреќата, во присуство на заменик на жупанискиот државен обвинител, бил извршен увид со кој е утврдено дека еден човек го загубил животот.
Според досега собраните информации, полицијата истакнува дека во овој случај нема елементи на кривично дело.
Телото на починатиот е пренесено на одделот за патологија, каде ќе биде извршена судско-медицинска обдукција со цел да се утврдат сите околности на смртта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Алкохол нема да се продава по 21…
Во Сплит стапи на сила нова одлука…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…