Обновени меѓународните летови од Техеран по два месеца прекин
Меѓународните летови од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран се обновени за првпат по речиси два месеца, откако беа прекинати поради нападите врз Иран, јавуваат државните медиуми, пренесува ДПА.
Според извештаите, веќе се реализирани летови кон Истанбул, Мускат и саудискиот град Медина, една од клучните дестинации за муслиманите кои го извршуваат хаџот во Мека.
Иран го затвори воздушниот простор за цивилни летови на 28 февруари, по почетокот на нападите од САД и Израел. Како одговор, Техеран возврати со напади врз земји од Персискиот Залив, што предизвика сериозни нарушувања во глобалниот воздушен сообраќај, вклучително и во големите регионални центри.
Постепеното отворање на воздушниот простор следува по прекинот на огнот, постигнат со посредство на Пакистан, кој стапи во сила на 8 април.
Претходно, иранските воздухопловни власти дозволија и аеродромот во Машхад да опслужува меѓународни летови, со цел да се намали притисокот врз главниот град.
И покрај ова, европските авиокомпании засега го избегнуваат иранскиот воздушен простор поради безбедносните ризици во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Трамп: Ако војната влезе во трета рунда,…
Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…
Иранскиот претседател му се заблагодари на Путин…
Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот претседател…
Трамп: Иранскиот остров Харг е „разбиен на…
Иранскиот остров Харг, што претставува енергетски центар…
САД нападнаа ирански ракетни фрлачи во Ормускиот…
Американската војска извршила нови напади врз ирански…