Муцунски го осуди вооружениот напад во Вашингтон: Насилството нема место во демократијата

t

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, изрази длабока загриженост по синоќешниот вооружен инцидент што се случи за време на вечерата со дописниците од Белата куќа во Вашингтон.

Во објава на социјалната мрежа Икс, Муцунски нагласи дека насилството нема место во демократските општества, без разлика дали е насочено кон избрани лидери, јавни службеници, новинари или граѓани.

Тој истакна и дека е олеснето што американскиот претседател Доналд Трамп, првата дама и останатите учесници на настанот се безбедни, при што упати и порака за брзо закрепнување на повредениот припадник на Тајната служба.

Муцунски порача дека Македонија стои заедно со Соединетите Американски Држави во заштита на демократијата, јавната безбедност и принципите на кои се темелат слободните општества.

Инцидентот во Вашингтон предизвика реакции од повеќе меѓународни претставници и повторно го отвори прашањето за безбедноста на јавни политички настани во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…

Околу половина од нафтата што моментално се…

33% – Поддршката за Трамп падна на…

Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…

Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…

Трамп му се закани на Оман: „Ќе…

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани…