Хезболах: Израел го прекршува примирјето
Хезболах ги отфрли обвинувањата на Нетанјаху дека го загрозува примирјето во Либан и порача дека ќе продолжи да одговара на, како што наведува, израелските прекршувања и окупацијата на јужен Либан, пренесува The Times of Israel.
Во соопштението, Хезболах наведува дека неговите напади врз израелски цели во јужен Либан и северен Израел се „легитимен одговор на континуираните прекршувања на примирјето од страна на непријателот уште од првиот ден на објавувањето на привременото примирје“.
„Хезболах јасно и цврсто потврдува дека продолжените прекршувања на примирјето од страна на непријателот… и пред сè неговата континуирана окупација на либанска територија и нарушување на суверенитетот ќе бидат проследени со одговор и отпор… подготвен да ја брани својата земја и народ,“ се наведува во соопштението.
Израелската војска соопшти дека напаѓа директни закани за своите трупи и за територијата на државата. Според условите на примирјето, таа немала обврска да се повлече од јужен Либан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел: „Ердоган ја намамува Турција во опасни…
Израел испрати ново остро предупредување до Турција,…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју…
Зетот на Трамп оди во Израел, ќе…
Џаред Кушнер, пратеникот и зет на американскиот…
Либан ја укинува смртната казна
Либанскиот парламент денеска изгласа укинување на смртната…