Објавено на:

Македонија е трета на Балканот – Слободата на медиумите во светот е на најниско ниво во последните 25 години

t

Слободата на медиумите во светот е на најниско ниво во последните 25 години, покажува најновиот извештај на Репортери без граници за 2026 година.

Според индексот, состојбата е влошена во 100 од вкупно 180 анализирани држави, што укажува на глобален тренд на пад на медиумските слободи. Организацијата предупредува дека новинарството се соочува со сериозни предизвици, особено поради зголемениот политички притисок, економската нестабилност на медиумите и растечките закани кон новинарите.

Во многу региони во светот, состојбата е оценета како „тешка“ или „многу сериозна“, што дополнително ја нагласува загриженоста за иднината на независното информирање.

Норвешка е прва на листата, како земја каде медиумите се најслободни, по неа следуваат Холандија, Естонија, Данска, Шведска, Ирска, Швајцарија, Луксембург, Португалија.

Од балканските земји прва е Словенија која се наоѓа на 36 место, по неа следува Црна Гора на 41 место, Македонија на 45 место.

Македонија бележи пад, но останува во средината на листата

Според извештајот, Македонија се наоѓа околу 45 место на светската листа, со околу 70 индексни поени. Иако земјата и натаму е подобро рангирана од дел од земјите во регионот, забележан е пад во однос на претходните години.

Главните предизвици што се посочуваат се политичките притисоци врз медиумите, економската зависност на редакциите и зголемениот број навреди и напади врз новинарите.

RSF оценува дека, и покрај одредени позитивни аспекти, медиумската средина во земјата останува ранлива и бара дополнителни напори за зајакнување на независноста и безбедноста на новинарите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…

Се обидуваме да ја развиваме државата, да…