Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на
нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на одлуката од 27.4.2026 година.

Референтните цени кај сите нафтени деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 5,324%, кај дизелот за 2,817%, кај екстра лесното масло за 3,394% и кај мазутот зголемувањето за 8,305%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,3444%.

Во оваа пресметка земени се во предвид намалениот износ на акцизата за 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и намалениот износ на акцизите за 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и намалениот износ на ДДВ за нафтените деривати ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во износ од 10%, со исклучок кај дизелските фракции и мазутот.

Од 5.5.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 85,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 93,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 49,720 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 3,064 ден/кг и сега ќе изнесува 49,720 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.5.2025 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се зголемуваат цените на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Светска банка: Кризата на Блискиот Исток го…

Кризата на Блискиот Исток ќе влијае и…

Освен „Дура“ и „Аптив“ нема други најави…

Освен „Дура“ и „Аптив“ за сега нема…

Цената на суровата нафта се искачи на…

Глобалниот референтен фјучерс за сурова нафта брент…

Растат цените на нафтата на светските берзи

Цените на нафтата утрово забележаа благ раст…