Објавено на:

(Видео) Протести со молотови коктели и водени топови во Албанија!

t

Судири меѓу демонстрантите и полицијата на протестот на опозицијата во Тирана, објавија албанските медиуми. Пред канцеларијата на албанскиот премиер Еди Рама, демонстрантите, организирани од Демократската партија предводена од лидерот Сали Бериша, побараа оставка од Рама.

По завршувањето на говорите пред зградата на премиерот, демонстрантите се упатија кон Министерството за внатрешни работи на Албанија, но беа запрени од бројни полициски сили кои го блокираа преминот и употребија водени топови за да ја растераат толпата. Како одговор, демонстрантите фрлаа молотови коктели, додека полицијата интервенираше со солзавец и водени топови за да ја растера толпата. Според албанските медиуми, неколку главни улици во Тирана беа блокирани синоќа поради настаните на протестите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…

Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…

Еди Рама: Никој не може да ме…

Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…

(Видео) „Војна“ на улиците на Тирана, демонстрантите…

Илјадници млади Албанци денеска излегоа на улиците…