(Видео) Братот на поранешниот македонски конзул во Италија ја убил сопругата!
Хако Витанов, брат на поранешниот конзул на Македонија во Италија Стојан Витанов, ја убил својата 56-годишна сопруга Милена Витанова во стан на периферијата на Пјаченца каде живееле со своите деца.
Како што известуваат италијанските медиуми, тој бил пронајден во близина на градските гробишта од страна на карабињерите додека се обидувал да си го одземе животот. Целиот инцидент, кој се случил во работничка населба во градот, сè уште го истражуваат карабињерите на покраинската команда на Пјаченца, координирани од Јавното обвинителство. Тие мора да го идентификуваат мотивот и да ги разјаснат околностите на злосторството, кое очигледно е извршено со нож и најверојатно произлегува од длабоки семејни конфликти.
Самиот маж се јавил на 112, околу 15 часот и 30 минути вчера.
-Дојдете, ја убив жена ми, му рекол на операторот за итни случаи преку телефон.
Спасувачите брзо стигнале до зградата каде што живеело македонското семејство на шестиот кат. Службеникот за итни случаи чекал да пристигнат карабинерите и пожарникарите пред да влезе. Вратата од станот била заклучена, а се стравувало дека мажот бил забарикадиран внатре, веројатно вооружен. Карабинерите успеале да влезат, со голема претпазливост, низ прозорец: веднаш го пронашле телото на жената како лежи во дневната соба со крвава дамка на задниот дел од главата и нож во близина на нејзиното тело.
Сепак, во куќата немало никаква трага од Хако Витанов. Откако службите за итни случаи во Пјаченца ја потврдиле смртта на 56-годишната Милена Витанова, карабинерите почнале потрага по нејзиниот сопруг осомничен за убиството.
Според италијанските медиуми, тој ги придружувал двете деца (имал вкупно 4) кај чичко кој живеел во близина. Жртвата имала видливи траги на насилство рацете, веројатно во обид за одбрана, но обдукцијата ќе ги открие сите околности.
Откако почнала потрагата, карабинерите го лоцирале Хако Витанов неколку часа подоцна на гробиштата Виа Каорсана во Пјаченца каде се обидел да си ги пресече зглобовите. Според првичните извештаи, мажот се обидел да стигне до гробот на својот син, кој почина во сообраќајна несреќа пред неколку години заедно со ќерката на Стојан Витанов.
Бил запрен на време, лекуван, а потоа однесен во полициската станица на испрашување. Куќата оттогаш е со забрана за пристап и опколена од полицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Братот на поранешниот македонски конзул во…
Хако Витанов, брат на поранешниот конзул на…
Трагедија во Италија: Двајца браќа близнаци починаа…
Двајца идентични браќа близнаци, на возраст од…
La dolce vita: Дали Италија е новото…
Италија веќе се соочи со критики од…
Двојно убиство на Универзитетот на Јужна Флорида:…
Поранешен студент на Универзитетот на Јужна Флорида…
Македонец уапсен во Хрватска: Нападнал 71 годишник,…
Хрватската полиција поднесе кривична истрага против 34-годишен…