(Видео) Крузерот со хантавирус стигна во Тенерифе, патниците се носат до аеродромот со запечатени автобуси
Крузерот на кој се појави смртоносниот хантавирус пристигна рано утринава во близина на пристаништето Гранадилја на Тенерифе, каде ќе биде закотвен за евакуација на патниците и дел од екипажот.
Патниците кои не покажале знаци на инфекција ќе бидат тестирани од страна на шпанските здравствени власти, а потоа со мали чамци ќе бидат префрлени на копно, соопштија шпанските власти, пренесува Ројтерс.
Запечатени автобуси потоа ќе ги превезат патниците до главниот аеродром на островот, каде ќе се качат во авиони за своите земји.
„Од претпазливост, сите патници на луксузниот крузер ‘MV Hondius’ се сметаат за високоризични контакти“, соопшти во саботата навечер Европската агенција за јавно здравје.
Шпанските државјани први ќе се симнат од бродот, а припадниците на останатите националности ќе следуваат во групи, соопштија владини претставници во саботата.
Триесет членови на екипажот ќе останат на бродот и ќе отпловат кон Холандија, каде бродот ќе биде дезинфициран.
Бродот во средата тргнал од Зеленортските Острови кон Шпанија, откако Светската здравствена организација и Европската унија побарале да се организира евакуација на патниците поради појавата на хантавирус.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, во саботата навечер пристигнал на Тенерифе на Канарските Острови, заедно со шпанските министри за внатрешни работи, здравство и територијална политика, за да го дочекаат пристигнувањето на бродот.
СЗО во петокот соопшти дека осум лица заболеле, вклучително и тројца кои починале – холандска двојка и еден германски државјанин.
Потврдено е дека шест лица се заразени со вирусот, додека уште два случаи се сомнителни, наведе СЗО.
Хантавирусот најчесто се пренесува преку глодари, но во ретки случаи може да се пренесе и од човек на човек.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Крузерот со хантавирус стигна во Тенерифе,…
Крузерот на кој се појави смртоносниот хантавирус…
Крузерот со хантавирус се приближува до Тенерифе,…
Шпанските власти потврдија дека крузерот МВ Хондиус,…
Нема регистрирани случаи на хантавирус во Македонија
Нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти…
Крузер со 3.000 луѓе е во карантин…
Повеќе од 3.000 луѓе се блокирани на…