Објавено на:

Досега се евакуирани 94 патници од бродот „Hondius“, кој е зафатен од хантавирус

t

Вкупно 94 патници и членови на екипажот досега се евакуирани од крузерот „Hondius“, кој е зафатен од смртоносниот хантавирус, пренесува ТВ21. Како што соопшти шпанската министерка за здравство Моника Гарсија, станува збор за државјани од 19 земји, кои вчера се евакуирани од Канарските Острови со осум специјални летови.

За денеска е најавена евакуација на уште шест лица кон Холандија и 18 лица кон Австралија.

Евакуацијата се спроведува една недела откако Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека тројца патници од бродот – постар холандски брачен пар и германска државјанка – починале во случај со сомнеж за хантавирус.

Хантавирусот може да предизвика треска и тешки респираторни заболувања кај луѓето, а најчесто се пренесува преку контакт со урина, измет или плунка од заразени глодари.

Пред вчерашната евакуација бил спроведен целосен епидемиолошки преглед на сите 152 патници на бродот, при што не биле откриени лица со симптоми на болеста.

Гарсија изјави дека по евакуацијата, еден француски државјанин покажал симптоми на болеста, додавајќи дека француските власти ќе ги применат своите здравствени протоколи.

Таа додаде дека 34 лица, главно членови на екипажот, ќе останат на бродот и ќе се вратат со крузерот во Ротердам.

Според СЗО, досега се потврдени шест случаи на хантавирус и два сомнителни случаи, од кои три завршиле со смрт.

Откако сите патници ќе го напуштат бродот, „Hondius“, кој плови под холандско знаме, ќе го продолжи патувањето кон Ротердам со дел од екипажот. Телото на германската жртва ќе биде преземено дури по пристигнувањето, откако бродот ќе биде целосно дезинфициран.

Крузерот „Hondius“ го започнал патувањето во Аргентина на 1 април, се задржал во Кејп Верде и во средата навечер отпловил кон Канарските Острови.

Бидејќи повеќе од 30 патници и членови на екипажот се симнале за време на претходните пристанувања, здравствените власти ширум светот следат можни сомнителни случаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега се евакуирани 94 патници од бродот…

Вкупно 94 патници и членови на екипажот…

СЗО препорача 42-дневен карантин за патниците од…

Првите патници од крузерот „MV Hondius“, погоден…

Грчки државјанин од крузерот со хантавирусот ќе…

Со специјален лет на авион на военото…

Нема регистрирани случаи на хантавирус во Македонија

Нема регистрирани случаи, патници или блиски контакти…