Објавено на:

Британскиот министер за здравство поднесе оставка

t

Британскиот министер за здравство Вес Стритинг денеска поднесе оставка истакнувајќи оти ја изгубил довербата во лидерството на премиерот Кир Стармер.

– Сега е јасно дека нема да ја водите Лабуристичката партија на следните општи избори и оти пратениците на Лабуристичката партија и синдикатите поврзани со неа сакаат дебата за она што треба да биде судир на идеи, а не личности или ситни внатрешни партиски борби. Оваа дебата треба да биде широка и треба да ги вклучи најсилните можни кандидати. Го поддржувам овој пристап и се надевам дека и вие ќе го поддржите – наведе Стритинг во писмо објавено на платформата „Икс“.

Продолжува притисок врз Стармер да поднесе оставка од премиерската функција по катастрофалните резултати на Лабуристичката партија на изборите во Англија, Шкотска и Велс одржани минатата недела.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија и Франција клучни за европската одбрана,…

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…

Ленче Ристоска повеќе не е обвинител: Советот…

Советот на јавните обвинители на денешната седница…

Советот на јавни обвинители утре ќе ја…

Денеска е последниот работен ден на Ленче…

Савески: Жалам за оставката на Ристоска, сите…

Во принцип не сакам да коментирам лични…

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Обвинителката Ленче Ристоска која беше кандидат за…