Полицијата го бара сопственикот на волкот, го чека казна до 20 илјади евра
Полицијата е во потрага по лицето кое во скопската населба Козле чувало волк, кој пред неколку дена беше заловен од страна на институциите.
Од МВР соопштија дека се работи на откривање на локацијата каде што животното било чувано, како и на лицето одговорно за неговото заробеништво.
Законот предвидува сериозни казни за чувањето диви животни без соодветна дозвола, кои во одредени случаи тие достигнуваат и до 20.000 евра. Според Законот за заштита на природата, чувањето и размножувањето диви животински видови без соодветни услови и одобренија е забрането.
Случајот со чување волк предизвика големи реакции во јавноста. Откако беше заловен, на неколку пати се шпекулираше дали е влок, куче или мешавина, но на крајот, Скопската зоолошка градина информираше дека станува збор за млад и неухранет волк, тежок околу 25 килограми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…
Со цел да не се шират шпекулации…
Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…
Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…
Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…