Милошоски: Ахмети, Заев и Филипче се ментори на кариерата на Ислам Абази, тој има лична и политичка концесија кон нив

t

Во изминатиов период од неколку дена гледаме дека случајот „Мазут“ доживеа една тивка амнестија со одлуката на ЈО ГОKК да се прекине истрагата за овој предмет. Заклучокот е јасен. Иако јавноста е изненадена на непријатен начин, сепак главниот обвинител во ЈО ГОKK, Ислам Абази, веројатно има лична и политичка концесија кон Ахмети, Заев и Филипче, како ментори на неговата кариера, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

„Се разбира, оваа конесија е заради блиските до СДС и ДУИ: Васко Ковачевски, Ерџан Сулкоски, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски коишто заедно со други девет лица биле предмет на оваа голема набавка на мазут вредна 167 милиони евра. И покрај тоа што стручни истражители од Министерството за внатрешни работи, обезбедиле релевантни докази за оваа коруптивна и скапа набавка, сепак Ислам Абази и неговата соработничка Коларевиќ од ОЈО ГООК, одлучуваат оваа истрага да биде прекината“, рече Милошоски.

Тој повика Советот на јавни обвинители да изврши надзор врз работата на обвинителите во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

„Затоа го повикуваме претседателот на Советот на јавни обвинители, да изврши надзор над работата на обвинителите во ЈО ГООК, заради оваа контраверзна одлука за прекинување на истрагата во случајот „Мазут“ и набавките во ТЕЦ Неготино. Советот на јавните обвители по закон, има обврска да ја следи работата на обвинителите и согласно овие законски надлежности обвинителот Ислам Абази и неговата колешка Коларевиќ, треба да бидат темелно сослушани и да биде со нив заедно истражена постапката и начинот на којшто тие одлучуваат да го прекинат овој случај наречен „Мазут“ и обвинетите уште пред да појдат на суд да ги амнестираат од било каква одговорност или од било какво обвинение“, кажа Милошоски.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавноста има право да го дознае секој детал од набавката која беше под истрага.

„Јавноста има право да го дознае секој детал за оваа набавка од 167 милиони евра, затоа што во овој случај испадна дека одредени истражувачки новинари беа поефикасни во истрагата од обвинителите Ислам Абази и Коларевиќ. Владеењето на правото нема да се зајакне со вакви контраверзни одлуки и прекинување на истрагите, владеењето на правото се зајакнува доколку високата корупција и сомнежите за злоупотреба на вакви јавни набавки имаат можност да бидат докажувани со аргументи на Обвинителството и на обвинетите и на адвокатите пред надлежен суд“, рече Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ ќе се жали на одлуката на…

АД ЕСМ сè уште не го доби…

(Видео) Четири години семејството Смоковски бара правда…

„Бараме во Обвинителството правдата да ја изнесат…

Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Русковска

Еден од осудените за настаните од 27…

Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…

Шест лица одат во притвор, осомничени за…