Тошковски за лажните казни за „Сејф сити“: Доаѓаат од странски броеви, не е ништо ново во светот

t

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека бројните фишинг пораки за наводни казни од системот „Сејф сити“ се испраќаат од странски броеви и дека граѓаните лесно можат да ги препознаат.

„Сите фишинг напади се од странски броеви. Лесно се препознава“, рече Тошковски.

Тој посочи дека официјалните пораки од МВР имаат препознатлива ознака.

„На официјалниот број на МВР има официјална кратенка и се препознава“, кажа министерот.

Според информациите што ги добил од Секторот за информатика, ваквите измами не можат да бидат испратени од домашни броеви.

„Согласно информациите кои ги имам од Секторот за информатика, сите се од странски броеви и од домашен број не може да биде сторен фишинг напад“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека вакви измами постојат насекаде во светот и дека измамниците ја користат секоја нова форма на комуникација со граѓаните.

„Лажни напади има секаде во свет. Тие кои ги вршат нападите, гледаат поле за измама при секоја комуникација на граѓаните“, рече министерот.

Според него, новината е што „Сејф сити“ воведува помодерен начин на известување, наместо старите хартиени пратки.

„Ново е за нас поврзано со оваа услуга, бидејќи ја нудиме на попаметен начин, за разлика од претходно со пратки“, додаде Тошковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски за лажните казни за „Сејф сити“:…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели…

Лишен од слобода возачот кој вчера во…

Полицијата го уапсила 20 годишникот кој вчера…

Полицијата го бара сопственикот на волкот, го…

Полицијата е во потрага по лицето кое…

Преку СМС пораки му се заканувал на…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…

Детали за убиството во Битола: Ја нападнал…

Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола…