Николоски: Невозможни се барањата на „Рајанер“, Македонија дава субвенција од 12 евра, а тие бараат 25 евра
Министерот за транспорт Александар Николоски даде детали од разговорите со нискобуџетната авиокомпанија Рајанер за влез на пазарот во Македонија.
Николоски изјави дека барањата на компанијата не се вклопуваат во нашиот пазар, односно дека компанијата има невозможни барања.
„Ќе бидам директен. Не мислам дека тоа е добро за македонскиот пазар, бидејќи условите што ги поставуваат се невозможни. Во моментов даваме субвенции од 9 евра за Аеродромот во Скопје и 12 евра за Аеродромот во Охрид, што се меѓу највисоките субвенции што може да се најдат во регионот, и неслучајно се отворени 28 нови авиолинии за помалку од 2 години од изборот на оваа влада. Барањата на „Ryanair“ се 25 евра субвенција по седиште, што е повеќе од 2,5 пати за Аеродромот во Скопје. Барањето е нивните авиони да се опслужуваат со приоритет“, вели Николоски.
Според него, барањето е да не се користат ниту една од услугите на аеродромите во Скопје и Охрид, бидејќи имаат и сопствени скали во авионите.
„Исто така, бараат да се укинат некои линии“, изјави меѓу другото Николоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Владата најави можност за докуп на до…
Граѓаните на кои им недостигаат до 24…