Трамп го предупреди Иран дека му истекува времето, Израел разговара со САД за можно продолжување на нападите
Објавата доаѓа во услови на подолг застој во дипломатските напори за изнаоѓање на некакво решение со Иран.
Неговото предупредување, и натаму не ги колеба властите во Техеран, според кои досегашните методи на САД, не вродиле со плод против нив. Иран соопшти дека нивните забелешки на американскиот мировен предлог ги доставиле до Вашингтон.
-Методите кои Америка ги користеше беше преку економски закани и притисок, но видовте дека во поглед на Исламската република Иран тие немаа никаков ефект. Тие (САД) не можат да не предомислат и да не обесхрабрат да се бориме за интересите на Иран. Ние ги следиме нивните движења и сме подготвени за секој потег и секое сценарио,- – Есмаил Багеи – Портпарол на иранското МНР.
Координација за евентуално продолжување на нападите најави и Израел. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху откри дека телефонски ќе разговара со Трамп, и додаде дека тие се подготвени за секое сценарио.
-Со внимание ја следиме ситуацијата со Иран. Ќе разговарам со нашиот пријател претседателот Трамп за впечатоците од неговото патување во Кина, но и за останатите работи. Има многу сценарија и ние сме подготвени за секое од нив,- – Бенјамин Нетанјаху – Премиер на Израел.
американскиот претседател и неодамна му се закани на Иран со порака дека цела една цивилизација ќе умре, по што следуваше кревко примирје кое се уште е на сила. Дел од високите партиски функционери од партијата на Трамп пак, повикуваат на удари врз иранската енергетска инфраструктура, бидејќи како што велат, статус-кво ситуацијата е неодржливо.
-Мислам дека статус – кво ситуацијата не повредува сите. Колку подолго теснецот е затворен, толку повеќе се обидуваме да постигнеме договор кој никогаш нема да се постигне, толку посилен Иран ќе биде. / Се уште има многу мети кои треба да бидат погодени и има работи со кои моежеме да ги повредиме, енергетската инфраструктура им е слабата точка– Линдзи Греам – Сенатор од Џорџија.
Последниот развој на ситуацијата повторно ја крена цената на нафтата Брент и сега изнесува 110 долари за барел. Според некои проценки, светските компаниите до сега имаат претрпено загуби од најмалку 25 милијарди долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп го предупреди Иран дека му истекува…
Објавата доаѓа во услови на подолг застој…
Грција се спрема да ѝ испрати остро…
Грција се подготвува да испрати остро предупредување…
Деца на СОС линијата „Ало Бушавко“ бараат…
На телефонската линија за поддршка на деца…
Сали: Целосно сме посветен на исполнување на…
Опозицијата прашува, Владата одговара на пратеничките прашања.…
Собранието го усвои Законот за младински додаток,…
Собранието на денешната 102. седница донесе неколку…