Борко Ристовски за Миленко: Ако човек во поизминати години не чувствува доблест да се извини, тоа е личен проблем
По прозивките од директорот на ФК Вардар, Миленко Неделковски кон министерот за спорт, Борко Ристовски, за тоа зошто не реагирал на ист или сличен начин за навредлива песна, кога лани РК Пелистер ја титулата во директниот дуел против Вардар и кога капитенот на тимот се обратил со навредлива песна, министерот вели дека Неделковски не е доволно информиран или не видел, меѓутоа, по тој инцидент, Филип Кузмановски се извинил за тој настан.
-Констатацијата дека ние не сме реагирале е апсолутно погрешна. Не правиме разлика. Со самата таква изјава се инсуира дека јас сум навивач на Пелистер, а не довчерашен играч на Вардар и екс-репрезентативец. Кога некој човек во поизминати години не чувствува доволно доблест да се извини за направената грешка, тоа повеќе не е проблем на општеството туку личен проблем. По тој основ, немам што да додадам, освен дека Министерството за спорт секогаш ќе стои на принципите и вистинските спортски вредности кои што секој поврзан со спортот, треба да ги промовира, кажа министерот во емисијата „Директно“.
Како што беше објавено на социјалните мрежи, видеото со навредливата песна кон Битола и пејачката Каролина Гочева, на прославата на шампионската титула, најпрвин се појави на Фејсбук-профилот на директорот на ФК Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борко Ристовски за Миленко: Ако човек во…
По прозивките од директорот на ФК Вардар,…
РК Вардар откажа, не оди на прославата…
Вчера ФК Вардар информираше дека е планирана…
Ѓорѓиевски: Темелно се чисти коритото на Вардар
Темелно се чисти коритото на Вардар, бисерот…
Борко Ристовски: Осудуваме прослави кои вклучуваат навреди
Министерството за спорт, и лично од министерот,…
Труп на човек пронајден во Вардар кај…
Труп на човек бил пронајден во водите…