Објавено на:

Државјанин на Македонија уапсен во Германија: Учествувал во грабеж на 93 годишен маж

t

Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија е уапсен во Салцбург под сомнение дека учествувал во брутален грабеж во Германија, по кој починал 93-годишен маж. Осомничениот бил баран со европска потерница, а по апсењето е пренесен во затворот во Пух-Урштајн, во близина на Салцбург.

Според австриската полиција, апсењето било извршено во населбата Елизабет-Форштат, во близина на железничката станица. Истражителите наведуваат дека жртвата починала од тешките повреди здобиени при нападот.

Иако германските и австриските власти официјално не потврдуваат дека станува збор за истиот случај, повеќе детали упатуваат дека осомничениот е поврзан со грабежот што се случи за време на првиот мајски викенд во Келн.

Тогаш, непознати сторители провалиле во бунгалов на 93-годишен маж, физички го нападнале, а потоа го пребарале домот и избегале со пленот. На 3 мај, неговите деца го пронашле мртов во куќата. Обдукцијата покажала дека починал од тешки телесни повреди.

Германската полиција претходно уапси двајца осомничени – 30-годишник и 59-годишник, додека по трет осомничен, 36-годишен маж, сè уште се трагаше.

По апсењето во Австрија, во тек се дополнителни истраги и координација со германското правосудство околу можната екстрадиција на осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Државјанин на Македонија уапсен во Германија: Учествувал…

Триесет и шестгодишен државјанин на Македонија е…

Приведен кумановец, убил куче во својот кокошарник

Вчеравечер во кумановското село Макреш бил уапсен…

Нападнал музичка група и им ја искршил…

Полицијата поднесе кривична пријава против 37-годишен жител…

ДС ги осудува вчерашните протести на студентите…

Демократски сојуз најостро ги осудува вчерашните протести…

Мечка усмртила 10 овци во тетовско село

Мечка усмртила 10 овци во импровизирана штала…