Дескоски: Има нешто многу труло во ОЈО ГОКК

t

Универзитетскиот професор Тони Дескоски е шокиран од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи како што вели, со јавноста споделиле тајни податоци за предистрага која ја водат, а се однесува на наводната шпионска афера во претседателската вила Водно.

-Скандал на ОЈО ГОК со објавата дека се води предистражна постапка! Просто не можам да верувам во веста што е пренесена преку медиумите и интернет порталите. Обвинителството за гонење на организиран криминал ПОТВРДИЛО дека води ПРЕДИСТРАГА за шпионажа во кабинетот на Претседателката. Според Законот за кривична постапка, предистражната постапка е ТАЈНА! Ова е ноторен факт, кој му е познат на секој студент по право кој го положил КПП. Има нешто многу труло во ОЈО ГОК! Сега тоа стана очигледно. Работата многу заличува на СЈО. Еве му нова суперприоритетна задача на Обвинителот Савески! Овој скандал мора да се расчисти!, пишува професорот на Фејсбук.

Професорот го коментира случајот кој вчера го потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, односно дека веќе пет месеци водат предистражна постапка за сомнежи за недозволени активности во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Вила Водно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Истрага за осомничен за продажба на кокаин…

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за…

(Видео) Четири години семејството Смоковски бара правда…

„Бараме во Обвинителството правдата да ја изнесат…

Јане Ченто ќе ја тужи Вилма Русковска

Еден од осудените за настаните од 27…