Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени непријавени речиси 35.000 евра, приведени се возачот и патник

t

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска во тетовско сопреле автобус „мерцедес“ сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Германија-Македонија.

Според информациите од МВР, автобусот бил управуван од 37-годишниот Р.Ф. од тетовското село Доброште.

При прегледот на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои, како што соопшти полицијата, не постоела соодветна документација и дозволи за транспорт.

Дополнително, при контрола кај еден од патниците – 20-годишниот Ф.И. од Теарце – биле пронајдени пет пликоа со различни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра.

Од МВР велат дека парите биле внесени преку Граничниот премин Табановце без да бидат пријавени, а патникот не поседувал документација за сопственост и потекло на средствата.

Возачот и патникот се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, како и прекршување на Законот за девизно работење.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во автобус од Германија кон Македонија пронајдени…

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни…

Кумановец отстранет од домот откако и се…

Отстранет од домот кумановец кој се заканувал…

СДСМ: Муцунски се фали со пари кои…

Европската комисија стави на располагање 65,7 милиони…

Полицајци од интервентна полиција добиле кривична пријава…

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…

Осуден е лажен лекар од Охрид кој…

Пет и пол години затвор доби измамникот…