ДУИ: Недим Рама молчи за скриениот имот, институциите веднаш да го истражат неговото потекло

t

Соопштение на политичката партија ДУИ

Веќе неколку дена директорот на НОМАГАС, Недим Рама, молчи наместо да ѝ објасни на јавноста како со плата на вработен во Општина Чаир, а подоцна и како советник на Изет Меџити, успеал да стекне огромен финансиски капитал, во недвижности и деловни активности.

Освен немање одговори и транспарентност, јавноста досега не виде никакво образложение за имотот за кои поседуваме докази. Напротив, ВЛЕН пушта нарачани анкети за лажно водство пред ДУИ.

Во изминатите денови ДУИ објави серија податоци кои отвораат сериозни прашања за стекнатиот имот на Рама.

Преку компанијата „Неар 2015“, поврзана со него и со Калтрина Зеколи Шаќири, биле вршени исплати за репрезентации и угостителски услуги токму во период кога тие извршувале јавни функции.

Потоа, го отворивме и прашањето за ИТ-компанијата „ХОСТ МКД“, преку која биле наплаќани услуги и од институции, меѓу кои и од Општина Чаир, во време кога Рама бил вработен таму.

Истата компанија подоцна го менува името и сопственичката структура, а трагите на сопственоста се префрлаат на лица блиски до политичкото опкружување на ВЛЕН.

Најголемиот сомнеж сепак го отвора луксузниот имот и бизнисите на Недим Рама.
Јавноста дозна дека тој поседува и издава луксузни апартмани во Маврово, кои се рекламираат по цени од околу 150 евра за ноќевање, додека паралелно е поврзан и со рент-а-кар бизнис со возила регистрирани за работа на Меѓународниот аеродром Скопје.

Дополнително загрижува фактот што во целиот овој круг се појавуваат и медиумски структури.

Зборуваме за сериозна мрежа на политички и бизнис интереси, за кои јавноста има право да знае:
Како човек кој до вчера бил општински функционер и советник, денес располага со капитал за луксузни апартмани, возен парк и повеќе компании?
Од каде се парите?
Кој го финансирал овој раст?

Затоа денеска јавно бараме:
Државна комисија за спречување на корупцијата веднаш да отвори детална постапка за проверка на имотната состојба на Недим Рама, кој воопшто и не пријавил анкетен лист,
Управата за финансиска полиција да спроведе финансиска истрага за потеклото на капиталот.
Основно јавно обвинителство да утврди дали постојат елементи на злоупотреба на службена положба, перење пари или судир на интереси.

Она што ДУИ го објави, ќе до достави и до институциите од кои очекуваме активно да дејствуваат.
Институциите не смеат да молчат, затоа што правдата не трпи молчење!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Недим Рама молчи за скриениот имот,…

Соопштение на политичката партија ДУИ Веќе неколку…

ДУИ: ОД РЕНТ-А-КАР ДО ЛУКСУЗНИ АПАРТМАНИ: ОД…

Соопштение на политичката партија ДУИ Денеска објавуваме…

ВЛЕН: Против кого протестира Бујар Ахмети, против…

Денес политичката иронија го достигна врвот, велат…

ДУИ: Недим Рама, десната рака на Меџити…

ДУИ соопшти дека продолжуваат да го откриваат…

ДУИ бара истрага за непријавениот имот на…

Од денеска, ДУИ го отвора прашањето за…