Апелација ја укина затворската казна за убиството на кучето Феликс: Осудениот ќе плати 1.800 евра
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за убиството на кучето Феликс и наместо затворска казна, на осудениот Љубе Крстевски му изрече парична казна.
Случајот, кој предизвика силни реакции во јавноста и кај здруженијата за заштита на животни, се однесува на настан од 7 јануари 2025 година, кога кучето Феликс почина како последица на нанесени повреди. Основниот кривичен суд пред десет месеци ја донесе првата затворска пресуда во Македонија за ваков вид кривично дело, изрекувајќи му три месеци затвор на Крстевски.
Но, според новата одлука на Апелацискиот суд, донесена на 17 февруари годинава, затворската казна е заменета со 90 дневни глоби од по 20 евра, односно вкупно 1.800 евра или околу 110.700 денари.
Во истиот предмет, второобвинетиот Билбиловски претходно доби парична казна од 100 дневни глоби.
Во жалбата поднесена до второстепениот суд, одбраната на Крстевски тврдела дека кучето било агресивно и претставувало опасност во кругот на објектот. Како доказ биле приложени видеоснимки, фотографии и медицински белешки, со барање затворската казна да биде заменета со условна или парична.
Од друга страна, Вишото јавно обвинителство побарало првостепената пресуда да биде потврдена и обвинетиот да остане во затвор.
Апелацискиот суд, сепак, не ги прифатил тврдењата дека животното било опасно. Во образложението на пресудата се наведува дека кучето тежело околу 15 килограми и им пристапувало на луѓето без да ги напаѓа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелација ја укина затворската казна за убиството…
Апелацискиот суд ја преиначи првостепената пресуда за…
(Видео) Тинејџери убија три лица во џамија…
Двајца тинејџери напаѓачи смртно застрелаа тројца мажи…
Началникот го намамил Нешовиќ – Баја во…
Случајот во Србија со исчезнувањето на Александар…
Побаран притвор за 19 годишникот од село…
Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…
Хрватската полиција објави фотографија од осомничениот за…
Хрватската полиција објави фотографија на Кристијан Алексиќ,…