Објавено на:

Уапсени две лица од тетовско по пријава за обљуба на малолетничка

t

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода две лица на возраст од 58 и 37 години, двете од села на подрачје на Тетово.

Претходно, истиот ден во 16:45 часот, во  СВР Тетово, 62 годишно лице исто така од тетовско село пријавила кривично дело „полово вознемирување“ со елементи на обљуба извршено врз нејзината малолетна внука од страна на 58 годишното лице.

Според пријавеното настанот се случил во декември 2024 година, кога тогаш 15-годишната малолетничка се враќала од Тетово со комбе кое го управувал пријавениот, при што истиот со употреба на физичка сила извршил обљуба врз неа.

По извесен период малолетничката го раскажала настанот на нејзината 37 годишна мајка која била во врска со 58 годишното лице но истата не го пријавила настанот.

Лицата се задржани во полициска станица, за настанот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени две лица од тетовско по пријава…

На 28.05.2026 година, полициски службеници од СВР…

Тетовец силувал 15-годишно девојче, мајката молчела поради…

Шокантен и исклучително вознемирувачки случај на сексуално…

ФБИ пронашол милиони во злато, пари и…

Поранешниот висок функционер на ЦИА, Дејвид Раш,…

Млада жена повредена додека работела во фабрика…

25-годишна жена од Кратово се здобила со…

МВР со апел до охриѓани: Избегнувајте го…

Полицијата утре од 08 часот, на стрелиштето…