Условна казна за членот на обезбедување во Влада кој ја тепаше сопругата
На денешното рочиште обвинетиот призна вина и судот му определи условна осуда – казна затвор во траење од 1.6 години доколку во наредните 3 години стори друго кривично дело.
Ова од основниот кривичен суд го соопштија во врска со предметот каде член на обезбедувањето во Влада ја малтретирал сопругата.
Р.Р е член на поширокото обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, однонсо дел од на т.н претходница, претходно доби осум дена притвор по пријава за семејно насилство, откако неговата сопруга пријавила дека била физички нападната во семејниот дом.
Според билтенот на МВР настанот се случил во саботата на 2 мај и во него беше наведено:
– На 2 мај во 23 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Р. од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 37-годишна сопруга. Таа пријавила дека во семејниот дом била физички нападната, дека ѝ биле упатени закани и дека ѝ бил оштетен мобилниот телефон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Условна казна за членот на обезбедување во…
На денешното рочиште обвинетиот призна вина и…
Влада: Мерката за намалување на акцизите на…
Владата на денешната седница донесе одлука да…
Владата денеска на вонредна седница ќе го…
Владата денеска ќе одржи вонредна онлајн седница…
СДСМ: Истече рокот што самиот Мицкоски си…
СДСМ обвини дека денеска истекува рокот што,…
Владата бара фирма за јавно-приватно партнерство за…
Осум години откако беше срушен Скопскиот саем…