Савески: Сиромашно обвинителство не може да се бори со богат криминал

t

Сиромашно јавно обвинителство не може да му се спротивстави на богатиот криминалитет. Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески по којзнае кој пат ја испрати истата порака до извршната и законодавната власт, да
покаже вистинска волја и да му даде финансиска поддршка на Јавното обвинителство за да му овозможи функционирање.

Оваа порака ја испрати на конференцијата на која беше промовирана стратегијата за јакнење на комуникацијата на Јавното обвинителство во јавноста која е финансирана со европски пари, но барањето за повеќе пари за Обвинителството го испрати не само за транспарентноста, туку и општо за функционирањето на Обвинителството.

– Без финансиска поддршка ние го даваме својот максимум да се избориме, меѓутоа резултатите не можат да бидат како што очекуваат граѓаните доколку за тоа нема сериозна финансиска поддршка. Таа порака и во оваа пригода ја упатувам до извршната и законодавната власт што мора навистина да покаже волја да овозможи функционирање на Обвинителството во реална смисла, но вклучително и кога станува збор за оваа комуникациска стратегија која предвидува активности коишто бараат исто така финансиска поддршка – рече Савески.

На конференцијата Савески немаше изјави за медиумите, во публиката имаше голем број обвинители, меѓу кои и оние од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, но не и шефот на ова Обвинителство, Ислам Абази. Според информациите од Обвинителството, Абази бил поканет, но имал други обврски, па затоа не дошол.

Абази не дојде на конференцијата во период кога власта силно го критикува Обвинителството што го води тој за тоа што го затвори предметот за злоупотреби на мазутот, но го критикуваше и затоа што кажале премногу во јавноста за предистражната постапка за наводната шпионска афера и го прекршиле Законот за кривична постапка.На конференцијата се зборуваше за комуникацијата на Обвинителството со јавноста, за транспарентноста што Савески од самиот почеток ја истакнува како приоритет, за што најави и менување на упатството за односи на јавност на обвинителите што ќе имаат обврска да ја информираат јавноста за предметите што ги работат и најави проактивна комуникација.

– Јавното обвинителство нема да чека да се постават прашања, однапред ќе се појаснува неговото постапување. За таа цел ќе направам измена на веќе постојното упатство за односи со јавноста, на сите обвинители ќе биде нивна обврска да ја информираат јавноста онолку колку што дозволува Законот. Ова се мали чекори, транспарентноста некогаш нè прави подложни и на оценки и на критики од јавноста, но тоа е нашата стратегија. Водејќи се од зборовите на Мајка Тереза „чесноста и искреноста ќе ве направат ранливи“, меѓутоа сепак да бидеме транспарентни, искрени и чесни. Тоа е паролата што ни е водилка – рече Савески, кој го промовираше и новото лого на Јавното обвинителство.

– Новото лого што ќе го носиме сите јавни обвинители претставува институционално претставување, но во себе го носи и европскиот дух. Несомнено Јавното обвинителство постапува и одлучува во духот на европските стандарди и сакавме тие да бидат отсликани на симболите на логото на нашата институција – рече Савески.

Заменик-генералниот обвинител на Португалија Пауло Жорже Виеира Моргадо де Карвајо како гостин на конференцијата, на обвинителите им порача дека молчењето на Обвинителството денес не се разбира како заштита на истрагите.

– Дезинформации може да го пополнат молкот на институциите. Затоа треба да се комуницира законито и транспарентно. Тоа не значи популарност. Не значи дека секој чекор треба да се објаснува. Правосудните системи се под силен притисок. Кога граѓаните ќе ја загубат довербата, полесно прифаќаат авторитативни владеења – рече обвинителот од Португалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Савески: Сиромашно обвинителство не може да се…

Сиромашно јавно обвинителство не може да му…

Лани биле прислушувани 365 лица, имало и…

Јавните обвинители лани дале наредба да се…

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

СДСМ реагира на критиките на Мицкоски кон…

СДСМ реагираше на критиките што премиерот Христијан…

Мицкоски: Трпението е при крај за оној…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на свечената академија…