Спроведуваме акција поради сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа, велат од ОЈО ГОКК – Нема официјална потврда за апсењето на Стефан Богоев
Управата за финансиска полиција под координација на Обвинителството за гонење на организиран криминал спроведува акција поради сомнение за корупција, велат од Обвинителството, а по наводите дека ексдиректорот на Царина, Стефан Богоев е уапсен.
„Под координација на ОЈО ГОКК, Управа за финансиска полиција спроведува акција поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од коруптивна природа. Акцијата уште трае“, велат од ОЈО ГОКК.
Од таму не посочуваат ниедно име, ниту пак колкумина се под истрага или приведени, со образложение дека додека се постапува, обвинителството официјално не дава никакви детали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен стружанец за инцидент на прославата за…
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…
Македонец со грчка потерница уапсен на српската…
Припадници на Министерството за внатрешни работи во…
Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица…
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и…
Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…
Уапсени се двајца криумчари на мигранти во…
МВР информира дека вчера попладне во 12:25…