Освен Богоев, приведени се и три други лица, за спорен тендер за чистење и тековно одржување на граничните премини тежок 20 милиони денари
Ексградоначалникот на Општина Карпош и поранешен директор на Царина, Стефан Богоев, заедно со уште три други лица се приведени како осомничени за крупен корупциски скандал.
Неофицијално, се работи за тендер за чистење и тековно одржување на граничните премини и терминалите од 2023 година тежок 20 милиони денари.
Приведените се на распит во полициска станица, а акцијата засега ја потврдија од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, како и од Управата за финансиска полиција, но без дополнителни детали.
Деталите за овој предмет ќе бидат соопштени во текот на утрешниот ден.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен стружанец за инцидент на прославата за…
На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во…
Македонец со грчка потерница уапсен на српската…
Припадници на Министерството за внатрешни работи во…
Градоначалникот, неговиот заменик и уште две лица…
Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и…
Македонец уапсен во Црна Гора по потерница…
Деветнаесетгодишниот македонски државјанин Андреј Танасковски е уапсен…
Уапсени се двајца криумчари на мигранти во…
МВР информира дека вчера попладне во 12:25…