Каја Калас од денес во Црна Гора за самитот ЕУ-Западен Балкан
Високата комесарка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, од денес ќе биде во Црна Гора, каде што ќе присуствува на Самитот ЕУ-Западен Балкан, објави Европската комисија.
Според соопштението, Калас денес ќе учествува на Дијалогот за младинска политика во Будва. Потоа таа ќе му се придружи на премиерот Милојко Спајиќ на отворањето на Младинскиот форум на Западен Балкан, а вечерта ќе присуствува на работна вечера организирана од претседателот Јаков Милатовиќ во Котор за учесниците на Самитот.
Високата претставничка на ЕУ ќе учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват во петок, каде што ќе се обрати и пред медиумите, објави Европската комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Нињо се враќа: Македонија и регионот…
Ел Нињо се буди во Пацификот и…
Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не…
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска…
Турција ја претстави својата прва интерконтинентална балистичка…
Турција претстави прототип на својата прва интерконтинентална…
Македонија е трета на Балканот – Слободата…
Слободата на медиумите во светот е на…
ЕУ ги отфрли сите предлози на превозниците…
Европската комисија (ЕК) ги отфрли сите предлози…