ДУИ: 3,5 милиони евра тендери за компанија поврзана со најблискиот круг на Изет Меџити
Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот на кој компанија основана дури во јули 2024 година успеала да обезбеди јавни договори во вредност од над 3,4 милиони евра од Општина Чаир, се вели во соопштението од ДУИ.
Од опозициската партија велат „Според објавените документи, станува збор за четири крупни тендери добиени од компанијата НУМ КОНСТРАКШН ЛТД, од кои два за време на мандатот на Висар Ганиу и два во периодот кога со општината раководел Изет Меџити. Она што дополнително го прави случајот загрижувачки е фактот што Аднан Синани, кој во јавноста важи за човек од најблискиот круг на Изет Меџити, е директно поврзан со адресата од која работи оваа компанија. Токму затоа, граѓаните имаат право да бараат целосна транспарентност и јасни одговори“.
„Кој ја препорачал оваа компанија? Како е можно новоформирана компанија за толку краток период да добие јавни договори вредни над 3,4 милиони евра? Дали постоеле лични, семејни, деловни или политички врски кои влијаеле врз овие постапки? Зошто токму оваа компанија била добитник на милионски договори и за време на мандатот на Висар Ганиу и во периодот на Изет Меџити? Дали Државната комисија за спречување на корупцијата, Јавното обвинителство и другите надлежни институции ќе отворат постапка за да ги испитаат сите околности поврзани со овој случај?“ прашуваат од ДУИ.
Велат „Мора да се отстрани секој сомнеж за фаворизирање на лица блиски до власта. Колку поблиску е еден корисник на јавни средства до центрите на политичко одлучување, толку повисок мора да биде стандардот на транспарентност“.
Затоа, ДУИ ги повикува надлежните институции без одлагање да постапат и независно да ги истражат сите аспекти на овие договори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: 3,5 милиони евра тендери за компанија…
Вчерашните објави отворија сериозни сомнежи околу начинот…
ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…
Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…
ДУИ загрижени затоа што министерот Алиу промовираше…
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост…
ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите, СДСМ…
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство на анкетите.…
Мицкоски: Според ММФ за период од само…
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница…