Три случаи на пронајдена дрога на територија на СВР Тетово
На 19.06.2026 година, во 20:15 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Б.З. (27) и А.З. (23), двајцата од Гостивар, како и Ј.М. (31) од Република Албанија, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик.
При преземање на службени дејствија, кај Б.З. била пронајдена бела прашкаста материја. Потоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во неговиот дом и подрумските простории, при што била пронајдена марихуана.
Трите лица се задржани во Полициската станица Гостивар, а по целосно документирање и расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
…..
На 19.06.2026 година во 22:00 часот, во село Дебреше, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед во патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ., во предниот дел од возилото била пронајдена поголема проѕирна најлонска кеса со зелена растителна материја. тие се задржсни во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.06.2026 година во 23:40 часот, во село Маврови Анови, на местото викано „Туристичко биро“, полициски службеници од Полициското одделение Маврово запреле патничко моторно возило „Сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.С. (30) од Скопје, со престојување во Маврови Анови, во кое сопатник бил Т.А. (32) од Скопје. При преглед на возилото, во ранецот на Е.С. била пронајдена марихуана. Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе слефува соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Групна тепачка со ножеви во Тетово
На 07.08.2026 во 23:50 часот во СВР…
Две девојки од Тетово скокнале од такси…
Две девојки од Тетово вчера скокнале од…
Тетовец ја претепал својата девојка, па се…
Триесет и двегодишна жителка на Тетово пријавила…
Пронајдени неколку видови на дрога: Четири лица…
Основното јавно обвинителство Скопје нареди да се…
Возач на „мерцедес“ со германски регистрации прегази…
МВР информира дека вчера попладне во 16:50…