Заврши првата рунда преговори меѓу Иран и САД во Швајцарија
Првата рунда од преговорите меѓу Иран и САД денеска е завршена во Швајцарија, при што иранските медиуми соопштија дека во оваа фаза не се разговарало за иранската нуклеарна програма.
Според иранската државна телевизија ИРИБ, првата сесија траела околу 80 минути и била фокусирана на меморандум за разбирање со 14 точки, со посебен акцент на ситуацијата во Либан.
Во меѓувреме, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека разговорите донеле значителен напредок и ги оцени состаноците како „историски“.
„Веќе постигнавме голем напредок во последните неколку часа“, изјави Венс, додавајќи дека дијалогот се одвива конструктивно.
Според информациите, на состанокот во планинското одморалиште Бургеншток учествуваат претставници на Иран, САД, Катар и Пакистан, како дел од процесот на спроведување на претходно потпишан меморандум меѓу Вашингтон и Техеран.
Иранската делегација ја предводат претседателот на парламентот Мохамед Багер Калибаф и министерот за надворешни работи Абас Арагчи, додека американската делегација ја предводи потпретседателот Џеј Ди Венс, заедно со специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заврши првата рунда преговори меѓу Иран и…
Првата рунда од преговорите меѓу Иран и…
Локализирани 14 пожари, гори на три локации…
На територијата на државата до 18:00 часот…
Поради мировните преговори на САД и Иран,…
Технички проблем во контролата на воздушниот сообраќај,…
Трагична сообраќајка во Италија: Возило со девет…
Три млади лица загинаа, а шест други…
Голем пожар во хотел во туристичко одморалиште:…
Една жена почина, а речиси 1.700 туристи…