Објавено на:

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

t

Цените на нафтата забележаа нов пад на светските берзи откако повеќе бродови поминаа низ клучниот Ормутски теснец. Ваквото раздвижување на теренот е резултат на напредокот во разговорите за решавање на конфликтот меѓу САД и Иран.

Меѓународниот стандард, суровата нафта „Брент“, забележа пад од 0,7 проценти и се тргуваше по цена од 76,30 долари за барел, објави Асошиејтед Прес.

Во изминатите неколку денови со оваа нафта се тргуваше под границата од 80 долари. За споредба, кон крајот на февруари, пред почетокот на воениот конфликт, цената изнесуваше околу 70 долари за барел.

Паралелно, пазарните аналитичари будно ја следат состојбата со глобалните резерви и преминот на танкерите низ кризните подрачја.

„Дејството на цените сугерира дека пазарот очекува прилично брзо закрепнување на залихите на нафта во Персискиот Залив. Сепак, иако премините на бродови низ теснецот се зголемија во последните денови, тие остануваат далеку под нивоата пред војната“, изјавија за АП стратезите за стоки на ING, Ворен Патерсон и Ева Манти.

Истовремено, падна и вредноста на американската сурова нафта „Benchmark“, која исто така се намали за 0,7 проценти и достигна цена од 72,70 долари за барел

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на нафтата продолжуваат да паѓаат

Цените на нафтата забележаа нов пад на…

Путин е подготвен за мировни преговори по…

Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена…

УХМР најавува посилно невреме: Пороен дожд и…

Во изминатите 24 часа, заклучно со 8…

Средба Трамп – Руте во Белата куќа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска…

Повредена е 34-годишна жена на работно место…

Жена (34) од пробиштипското село Трипатанци е…