ГОЛЕМ ПОЖАР ја зафати Атина, гори 16 ЧАСА!
Голем пожар што вчера избувна во фабрика за пластика во Атина гори веќе 16 часа, и покрај континуираните напори на пожарникарите да го изгаснат, објави „Катимерини“.
Пожарот продолжува да гори поради огромните количини запаливи материјали што се наоѓале во магацините и во просториите на фабриката.
Од објектот се издига густ чад, а неколку противпожарни екипи веќе втор ден се обидуваат да го изгаснат.
Гаснењето е особено тешко, бидејќи дел од покривот на објектот се урнал за време на пожарот поради високите температури, што значително го зголемува ризикот за пожарникарите. Засега нема повредени.
Утрово беше регистрирано повторно разгорување во магацинот, поради што пожарникарите продолжуваат со напори да ги локализираат жариштата и да спречат ширење на огнот.
Атмосферата во околината е задушлива поради горењето на пластични материјали, а надлежните им препорачуваат на жителите – особено на постарите луѓе и на луѓето со респираторни проблеми – да избегнуваат непотребно движење и да ги чуваат прозорците затворени.
Поради повторното разгорување и тековните операции за гаснење, сообраќајната полиција го суспендираше движењето на возила во областа Ајгалео.
Причините за пожарот засега се непознати. Надлежните истражни службеници од противпожарната служба спроведуваат прелиминарна истрага.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тошковски: Седум жртви на фемицид имаше и…
„Како општество, еднаш засекогаш, мора да престанеме…
Познатиот Цацко: Тројца странски амбасадори ме убедуваа…
Познатиот македонски сатиричар Љупчо Бубо Каров, во…
Трамп: Војната со Иран е финансиски обезбедена…
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека војната…
(Видео) Мицкоски по средбата со Кошта, фон…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува пакетот средства за…
Хеликоптер „Блек хок“ тргнат од Косово денеска…
Американски воен хеликоптер „Блек хок“ денеска го…