Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР, чека Софија да се извини
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го повикал вчера бугарскиот амбасадор во Македонија, Јеласко Радуков, за да му изрази сериозна загриженост по објавувањето на дипломатската нота околу посетата на сопругата и синот на премиерот Христијан Мицкоски на Бугарија, со окривање и на лични податоци.
„ Јас да бев, мене да ми се случеше ова, ќе се извинев“, порача Муцунски денес на прес конференција давајќи отчет за двегодишното работење како шеф на дипломатијата. Според него ова е неприфатлив начин на меѓусебно функционирање на две држави, нагласувајќи дека дури и во земји што се во војна вакви работи не им се случуваат.
„Станува збор за движење на членови на семејство на високи странски преставници. Никогаш таков документ не излегол во кавност од кај нас. А, може да се случи, но јас прв би се извинил“, рече Муцунски посочувајќи дека посебен проблем е што беа објавени лични податоци.
Тој притоа соопшти дека го повикал амбасадор Радуков и побарал објаснување како дошло до објавувањето на нотата , но дека досега не добил одговор.
„Го изразивме високиот степен на незадоволство од ваквиот гест“, рече министерот, поентирајќи дека постои цела организирана мрежа особено во онлајн просторот од Бугарија чии активности се поврзани со спорот што ги имаат со Македонија и дека вклучените во неа се повеќе се занимаваат со нивните семејства.
„Сигурно сте читале дека мојот дедо бил бугарски војник. Дедо ми е починат од 1997 година. Нека не напаѓаат слободно тие портали што шират вакви лажни вести, но нека ги остават (на мир) барем нашите семејства“, рече Муцунски.
Тој соопшти дека за настанот информирале голем број преставници на ЕУ, НАТО бидејќи станува збор за невиден преседан и за прекршување на сите меѓународни конвенции за дипломатска заштита и комуникација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски го повикал бугарскиот амбасадор во МНР,…
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го…
Почина писателот Јован Павловски
Друштвото на писателите на Македонија информира дека…
Дирекцијата за заштита и спасување апелира до…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,…
Финансиската полиција поднесе кривични пријави за злоупотреби…
Управата за финансиска полиција поднесе кривични пријави…
Муцунски: Две години активна дипломатија, посилни партнерства…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…