Низ Ормутскиот теснец во последните 24 часа поминаа 20 милиони барели нафта
Околу 20 милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормутскиот теснец во последните 24 часа, додека танкерите продолжуваат да се движат по клучниот пат за снабдување на Блискиот Исток, изјави денеска американскиот министер за енергетика Крис Рајт.
„Поминаа 72 брода со околу 20 милиони барели нафта“, рече Рајт на Глобалниот енергетски форум во Њујорк.
„Иран во иднина нема да има можност да ја затвори Ормутскиот теснец. Тоа е клучната работа, тоа е нивната клучна предност и ние им ја одземаме“, додаде тој.
Цените на референтната нафта денеска паднаа за повеќе од три долари за барел, на најниско ниво од почетокот на војната во Иран во февруари, бидејќи загриженоста за снабдувањето се намали со повеќето танкери за нафта што го напуштаат мореузот.
Испораките на нафта преку тесниот воден пат што граничи со Иран се ограничени со месеци поради конфликтот, со што е прекинат протокот на околу една петтина од светската сурова нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Камо среќа некој да изгради дата-центар во…
Државата има потреба од примарен национален дата-центар,…
ЕУ и НАТО најавија пожесток одговор кон…
Лидерите на Европската Унија и на НАТО…
Екс шефот на ЦИА го предупреди Западот:…
Дејвид Петреус, пензиониран генерал на американската армија…
Градоначалникот на Лондон казнет за неплаќање данок…
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен…
(Видео) Германија тестира моќна балистичка ракета сред…
Германија успешно тестираше балистичка ракета произведена во…