Објавено на:

Викендов до 39 степени: Македонија под удар на топлотен бран, УВ индексот ќе биде 9

t

Македонија во сабота и недела, 27 и 28 јуни, ќе биде зафатена од стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе донесе претежно сончево време и температури до 39 степени.

Утринските температури ќе се движат од 13 до 22 степени, додека максималните дневни ќе достигнуваат од 30 до 39 степени. Во Скопје се очекуваат околу 37 степени во сабота и до 38 степени во недела, додека во Битола температурите ќе се движат од 30 до 32 степени.

Ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен и североисточен правец. Во попладневните часови не е исклучена појава на изолиран краткотраен дожд со грмежи.

Особено внимание ќе биде потребно поради УВ индексот, кој се очекува да достигне вредност 9. Според скалата на Светската здравствена организација, ова ниво се класифицира како многу високо и носи зголемен ризик од оштетување на кожата и очите при подолго изложување на сонце.

На граѓаните им се препорачува да избегнуваат физички активности и директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот, да престојуваат во сенка, да носат лесна облека и редовно да внесуваат течности. Посебно внимателни треба да бидат повозрасните лица, децата, хронично болните и лицата кои работат на отворено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦУК регистрираше 25 пожари на отворено, гори…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) регистрираше…

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се…

Еден од реакторите во нуклеарниот комплекс Ои…

Тинејџери „ловци на педофили“ претепаа маж до…

Окружното обвинителство во Пловдив побара притвор за…

Пентагон бара од одбранбената индустрија побрзо производство…

Пентагон побара од американската одбранбена индустрија итно…

(Видео) Голем напад врз Белгород, најмалку 13…

Белгород повторно беше подложен на масовен напад…