(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото место во ЦКА-ПХВ програмата на Црвен крст!
На 24 јуни 2026 година, во преполната сала на Домот АСНОМ во Делчево, се одржа свеченото доделување на ПХВ Пехарот за 2026 година, настан кој ги обедини младите хуманитарци, волонтерите и претставниците на Црвениот крст од целата држава во чест на успешната реализација на Програмата Црвен крст во акција -Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ).


ПХВ Пехарот претставува признание за најуспешните општински организации на Црвениот крст кои во текот на изминатите неколку месеци реализирале најголем број квалитетни проекти оценети со највисоката оценка – „сонце“.
Годинава, првото место го освоија ОО на Црвен крст Делчево, ПХВ учесниците успешно реализираа шест ПХВ проекти и сите беа оценети сонаквисока оцена „сонце“.


Второто место го освои ОО Црвен крст Тетово со пет проекти оценети со сонце, додека третото место го поделија ОО Црвен крст Демир Хисар и Црвен крст Свети Николе со по четири успешно реализирани проекти оценети со највисоката оценка.

На настанот присуствуваа претставници од 27 општински организации на Црвениот крст кои исто така реализираа проекти оценети со „сонце“, што претставува показател за континуираниот раст и унапредување на квалитетот на ПХВ проектите на национално ниво.


Свои обраќања пред присутните имаа градоначалникот на Општина Делчево, г. Иван Гоцевски, градоначалничката на Општина Македонска Каменица, г-ѓа Соња Стаменкова, националниот координатор на Програмата за хумани вредности при Црвениот крст на Република Северна Македонија, г-ѓа Александра Ристовски, како и генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, г. Саит Саити.



Во рамки на овогодишниот ПХВ циклус беа обучени вкупно 1.223 млади лица, реализирани беа 195 проекти, а директна поддршка и помош добија 4.888 лица ширум државата. Овие резултати уште еднаш ја потврдуваат значајната улога на младите во создавањето позитивни промени во локалните заедници и промовирањето на хуманите вредности.



Упатуваме искрени честитки до сите учесници, волонтери, дисеминатори, ментори и општински организации на Црвениот крст за нивната посветеност и придонес во успешната реализација на Програмата за хумани вредности. Посебни честитки до младите од ООЦК Делчево за освоеното прво место, како и до сите кои придонесоа за успешната организација на овој значаен настан.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото-галерија) ООЦК Делчево годинава го освои првото…
На 24 јуни 2026 година, во преполната…
Во Делчево уреден парк со цитати од…
Во Делчево е уреден уникатен парк со…
Љутков од Разловци: Со 25 милиони денари,…
Македонија предолго живееше со страв да не…
Мицкоски најави експресен пат Кочани–Виница–Делчево: Почнува подготовка…
Премиерот Христијан Мицкоски најави почеток на активности…
Тројца пензионери пукале во Делчево, полицијата им…
Тројца пензионери ќе заработат пријави откако биле…