Мицкоски- Не сум му се заканувал на Филипче со затвор, само пренесов „Вокс попули“
,,Никогаш не сум му сезаканувал на Филипче со затвор реагираше Премиерот на прашањето дека му се заканувал на опозицискиот лидер од собраниска говорница. во „Тема на денот“ на Дневникот на ТВ Сител.
Мицкоски не се согласува дека се заканувал со затварање на Фличе и дека до таков заклучок бил заради погрешно толкување на тоа што го кажал од говорница како одговор на опозицискиот лидер Филипче на пратеничко прашае во парламентот.
,,Јас не му се заканив,кој сум јас да се заканувам со затвор јас во рамките на тоа што му одговорив од говорницата „пренесов вокс попули“ (глас од народот н.з) и тоа беше протолкувано дека јас сум му се заканил дека ќе го затворам,објаснуваше премиерот за заканата со затвор кое ја разбранува и политичката но и целата јавост за начинот и вокабуларот ко го користи Мицкоски во негови изјави.
Мицкоски објасни и како ги доживува нападите од опозициската СДСМ дека е „шеф на мафија“ а владеачката партија ја нарекуваат ВМРО – ОКГ (организирана криминална група) премиерот Мицкоски рече имал два совети од пријатели за овој речник на СДСМ. Едните ми велат што не ги тужиш секој ден има во изјавите по сто клевети од тоа како ти се обраќаат а други ми велат да не реагирам, Јас го прифатив советот од вториве,да ги оставам да наавредуваат.Знаете тие млади лица кои читаат клевети за некаква ОКГ незнаат ништо која била мафијата што ја ограбувала државата, едноставно читаат тоа што иим напичале,изјави Мицкоски на интервјуто на ТВ Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…
Објавата на Топ ченел има политичка заднина…
Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…
Москва oд Абу Даби: НАТО да се…
Русија го покрена прашањето за враќање на…
ЗАРЕМ И ПО 63 ИЗГУБЕНИ ЖИВОТИ, КОРУПЦИЈАТА…
На денешното судско рочиште, градежните експерти ги…
Привремениот администратор на АЛТА банка: Никако не…
Илија Андовски, привремен администратор на АЛТА банка…