Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

t

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга, раскажуваат очевидци на настанот за Инфомакс.

Лицето М.Т, полицаец во сообраќајна полиција во Струга, на 5 јули половина час по полноќ во населбата Езерски Лозја, запрел две малолетни лица, едното на возраст од 15, а другото на возраст од 16 години. На истите без никаков повод и законско оправдување, униформираното полициско лице започнало физички да го напаѓа малолетниот Ј.В, удирајќи му шамари, велат сведоци на настанот.

Во исто време, полицискиот службеник упатувал вулгарни пцовки, навреди и го омаловажуваше со зборовите: „дека е
последно го*но на овој свет“.

Едниот малолетник реагирал на навредите на полицискиот службеник кон неговиот другар, по што добил сличен третман, а полицаецот му се обратил со зборовите „Затни ја мучката бе љангач ниеден! Ти си следен и ти ќе го јадеш!“.

Од МВР за Инфомакс велат дека до овој момент нема никаков поднесок во врска со овој случај во МВР и внатрешна контрола.

– „Ве известуваме дека таква преставка не е доставена до Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.“ – одговорија од МВР, иако семејствата на малолетниците велат дека претставка е поднесена.

Според информациите кои ги добивме, полицискиот службеник и претходно имал престапи, поради што бил санкциониран, преместен во друга полициска станица, со различни надлежности, по што неодамна повторно е вратен во ПС Струга во сообраќајна полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга

Полицаец малтретирал и навредувал малолетници во Струга,…

Гаши во Струга: Проширувањето на ЕУ е…

Проширувањето на Европската Унија претставува една од…

Приведен скопјанец, натепал полицаец по завршување на…

Вчера во Кратово бил уапсен скопјанец, откако…

Малолетник уценувал девојче да му праќа експлицитни…

Вчера во полицијата пристигнала пријава дека од…

Вооружен грабеж во обложувалница во Струга

Од МВР информираат дека надворешната канцеларија за…