ЈП „Лајка“ започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом
ЈП „Лајка“ започнува кампања за вдомување на кучињата кои со години чекаат дом, соопштуваат од претпријатието.
Во рамки на кампањата насловена „Толку долго чекаат што речиси сите ги знаат по име. Освен нивните семејства“, реализирана е фотосесија на кучињата кои со години остануваат незабележани, иако, како што наведуваат, станува збор за здрави миленици, социјализирани и подготвени за вдомување.
– Во наредниот период, јавноста ќе има можност да се запознае со секое од нив преку серија објави во кои, покрај фотографии, ќе бидат раскажани и нивните животни приказни – колку долго чекаат, каков карактер имаат, што сакаат, што научиле и зошто сè уште немаат свој дом, соопштуваат од „Лајка“.
Оттаму дополнуваат дека кучињата кои се дел од кампањата со години се под грижа на ЈП „Лајка“.
– Тие се хумано третирани, социјализирани и секојдневно работат со вработените и волонтерите. Голем дел од нив учествуваа во бројни прошетки и активности, каде покажаа дека се одлични придружници и подготвени за живот во семејство, дополнуваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Лајка“ во спасувачка мисија: Од водите на…
Ветеринарите и заловувачите на ЈП „Лајка“ викендов…
„Лајка“: Стоп за петардите тоа предизвикува стрес…
ЈП „Лајка“ апелира до граѓаните да се…
Општина Кисела Вода ќе ги размножува уличните…
Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…