Муцунски: Одлуките од Самитот во Анкара ќе ја зајакнат НАТО Алијансата

t

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, преку објава на социјалните мрежи се осврна на резултатите од Самитот на НАТО во Анкара, оценувајќи дека донесените одлуки дополнително ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за унапредување на колективната безбедност.

-Пораката е јасна: НАТО испорачува резултати. Ја потврдивме заедничката определба за поголеми инвестиции во одбраната, понатамошно јакнење на одбранбените капацитети, поправедна распределба на одговорностите меѓу сојузниците и континуирана поддршка за Украина, напиша Муцунски.

Тој информираше дека на маргините на Самитот остварил повеќе билатерални средби со колеги од земјите членки на НАТО, како и со високи претставници на земјите сојузници и партнери. Во разговорите, како што посочи, станало збор за билатералните односи, соработката во рамките на НАТО, како и за актуелните регионални и глобални безбедносни предизвици.

-Како посветен и кредибилен сојузник, продолжуваме активно да придонесуваме кон зајакнувањето на колективната безбедност, стабилноста и единството, порача министерот Муцунски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Подигната готовноста на Мисијата на НАТО за…

Авионите на Мисијата на НАТО за заштита…

Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…

Заменик-секретарот за одбрана на САД в четврток…

Високи европски дипломати ќе се обидат утре…

Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…

Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…