Објавено на:

(Видео) Се крши прозорец на лет од Солун до Минхен – воздухот повлече патник, а неговата сопруга го држеше за нозете

t

Вистинска драма се случи утрово на летот организиран од компанијата Рајанер од солунскиот аеродром „Македонија“ према Минхен. Инцидент, кој ги шокираше патниците, се случил веднаш по полетувањето.

За време на летот се слушнал силен тресок, по што пукнал еден од прозорците, изјавил еден од патниците за порталот rthess.gr.

Притисокот во кабината паднал и се активирале маските за кислород. Според очевидци, најкритичниот момент бил кога патникот кој седел до скршениот прозорец бил повлечен. Тој со рамењата веќе бил надвор од авионот, кога патниците што седеле до него почнале да го влечат назад, меѓу кои била и неговата сопруга која го држела за нозете“, изјавиле очевидци за Радио Солун. Патникот се спасил и зошто имал врзано безбедносен појас.

Пилотот веднаш го сменил курсот и побарал итно слетување, по што безбедно слетале.

Според последните информации, повредениот Србин бил пренесен во болница со амбулантно возило поради повреда на вратот. Лекарска помош била укажана и на бремена жена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…