Ако студент внесе пиво во студентски дом ќе го избркаат и пет години нема да може да најде сместување во друг дом

t

Построги правила за студентите кои престојуваат во студентските домови. Новиот Закон за студентски стандард предвидува низа прекршоци поради кои студентите би можеле да го изгубат правото на сместување, а во одредени случаи и да добијат забрана за престој во кој било студентски дом во државата во следните 5 години.

Ако пробате да внесете пиво или каков било друг алкохол во студентски дом, може да останете без соба во домот, но и ќе си добиете забрана да бидете сместени во кој било дом во Македонија. Ова правило е само едно од повеќето ригорозни, а се содржани во новиот Закон за студентски стандард.

Покрај внесувањето алкохол, законот предвидува санкции и за други прекршувања на куќниот ред, оштетување на имотот и однесување што го нарушува нормалното функционирање на студентските домови.

Со новиот закон и лица над 30 години нема да може да ги користат бенефитите јадење, пиење и спиење во дом за 3.500 денари. Ваквата измена во законот доаѓа откако надлежните во повеќе домови начекале лица над 40 години кои си живееле во домовите, а само си презапишубале година на факултет.

Но организациите реагираат дека колку правилата важат за студентите, треба некој да го контролира и менаџментот за тоа дали законите ги спроведуваат во целост или селективно.

Од Министерството велат дека тие со своите надзорни механизми и ревизии ќе ја следат работата на менаџментот.

Законите ќе почнат да важат од оваа академска година.

Во меѓувреме, летово градежна офанзива има во два дома Кузман Јосифовски Питу и Стив Наумов. Но властите најавија дека до крајот на мандатот сите девет дома ќе добијат нов изглед. Реконструкцијата е неопходна бидејќи голем дел од студентите учат во субстандардни услови. Последен пример, студентите во Охрид јунската сесија ја подготвуваа под свеќи оти домот остана без струја поради неплатени сметки.

Директорот си поднесе оставка, а во тек е оглас за негов наследник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако студент внесе пиво во студентски дом…

Построги правила за студентите кои престојуваат во…

Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на…

Делегација на Уставниот суд на Република Северна…

Се проширува истрагата за ботоксите

Во рамките на истражната постапка што ја…

(Видео) Уапсени двајца припадници на организираната криминална…

Врз основа на информација од Македонската полиција,…

Од 340 издадени одобренија за градба во…

Во мај годинава издадени биле 340 одобренија за…