Објавено на:

(Фото) Руски дрон се урна во Молдавија: „Агресивната војна на Русија против Украина е директен ризик за целиот регион“

t

Беспилотно летало денеска го премина воздушниот простор на Молдавија и се урна, експлодирајќи во близина на селото Копанка на југоистокот од земјата, објавија молдавските власти. Инцидентот се случил за време на руските воздушни напади врз соседниот украински регион Одеса, пренесува Анадолија.

Молдавското Министерство за надворешни работи го осуди настанот преку Телеграм, кој го нарече „сериозно и неприфатливо кршење“ на воздушниот простор.

„Овој нов инцидент е сериозно и неприфатливо кршење на воздушниот простор на Република Молдавија. Уште еднаш се потврдува дека агресивната војна на Руската Федерација против Украина создава директни безбедносни ризици за нашите граѓани и целиот регион“, соопшти министерството.

Оттаму додаваат дека Молдавија останува посветена на одбраната на својот суверенитет, независност и територијален интегритет. Исто така, беше објавено дека соработката со меѓународните партнери ќе продолжи да ја зајакнува безбедноста и отпорноста на земјата од вакви закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ЕК ослободила 142,1 милиони евра преку…

Европската комисија до јуни ослободила 142,1 милиони…

Насилник од Дебар узурпирал државен објект, со…

52-годишен жител на Дебар доби кривична пријава…

Левица не ја поддржа изградбата на две…

Советниците од политичката партија Левица на денешната…

Рокас: ЕУ ги препознава напорите на Македонија…

Европската Унија ја препознава посветеноста и напорите…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…